РКМ дел од својот профит ќе го донира за децата со посебни потреби

298

Македонската компанија РКМ ДООЕЛ Скопје која се бави со трговија на нафтени деривати, во овие тешки времиња за секој, одлучи да направи хуманитарна кампања со поддршка за децата со посебни потреби.

Како што веќе јавноста е запознаена РКМ е компанија која го доби тендерот за набавка на мазут за потребите на компанијата за производство на топлинска енергија “БАЛКАН ЕНЕРЏИ” во вредност од 22 милиони евра, и согласно со добрите корпоративни навики, и можноста да се излезе во пресрет на оние кои помошта е најмногу потребна одлучи дел од профитот да го донира за децата со посебни потреби.

Борбата со пандемијата и борбата со секојдневните предизвици кои ни ги носи беа вистински мотив и предизвик за РКМ како компанија да се излезе во пресрет на оние кои помошта е повеќе од потребна, а како да се подзаборавија во последните месеци – изјави Ратко Капушевски, сопственик на РКМ.