РКМ и Капушевски најголеми продавачи на гориво надвор од бензински станици

96

РКМ на бизнисменот Ратко Капушевски е најголем продавач на нафтени деривати во 2022 во земјата, надвор од бензиските станици, според извештајот што го има Регулаторната комисија за енергетика за изминатата година.

Оваа компанија, најмногу благодарение на снабдувањето на ТЕЦ Неготино, има продадено 153.810 тони мазут и со тоа е убедливо на првото место по продадени количини гориво на потрошувачи надвор од бензинските станици.

Во оваа категорија на второто место далеку зад РКМ е ОКТА со 57.189 тони, на третото место е Супертрејд со 52.347 тони, а понатаму следува Макпетрол со 37.099. Со тоа Капушевски на овој начин продал повеќе нафтени деривати од сите три последователни трговци заедно.

Ова е голема разлика за една година за РКМ и Капушевски ако се знае дека, според она што го објави РКЕ за 2021, една година претходно продаде само 12.245 тони мазут и беше на деветтото место меѓу трговците по продажба на крајни купувачи.

РКМ кој благодарејќи на државниот бизнис со ЕСМ направи обем, а излезе најпрофитабилен во својата конкуренција Голем дел од нашата индустрија користи фосилни горива како погонско гориво за своите производи и услуги, а годинава на сцената стапи и ладната резерва на електросистемот – ТЕЦ Неготино најголемиот потрошувач на мазут во Македонија. Податоците на Регулаторната комисија за енергетика покажуваат дека минатата година Македонија конзумирала 841.000 тони дизел горива, 120.000 тони бензини и речиси 220.000 тони мазут.

Снабдувачот на ЕСМ односно на ТЕЦ Неготино и на РЕК Битола со мазут лани имаше година за паметење со 111 милиони евра приход и 6,2 милиони евра добивка.

Скопската трговска компанија вработува само 7 лица, а во јавноста беше многу присутна токму поради условите под кои доби два огромни тендери за снабдување со мазут на ТЕЦ Неготино. Токму тие зделки на оваа компанија и донесоа огромен раст на приходот.

Работењето на РКМ го илустрираме и преку зголемениот конзум на мазут што во најголема мерка е резултат на работата на ТЕЦ Неготино. Имено во 2021 година Македонија потрошила 104.000 тони мазут, а лани дури 220.000 тони мазут. Удвоениот увоз на ова најзагадувачко гориво од сите фосилни горива увезени кај нас е во голема мерка резултат на ангажманот на ТЕЦ Неготино. 

Прочитајте ја целата анализа на Фактор.