РКМ Скопје

Друштво за трговија со енергенси, нафтени деривати и петрохемиски производи.

РКМ Скопје е современа енергетска компанија основана во 2015 година, со јасна визија за развој и позиционирање како значаен фактор во регионалниот пазар на нафтени деривати и енергенси. Компанијата оперативно започнува со своите активности во 2019 година, развивајќи трговија со цврсти, течни и гасовити горива, со иницијален фокус на продажба на петролеум кокс и битумен.

Во 2020 година, следејќи ги своите стратешки развојни цели, РКМ го проширува своето портфолио со воведување на мазут М1, а веќе во 2021 година се етаблира како препознатлив и респектабилен бренд во балканскиот енергетски сектор. Во 2022 година, компанијата прави значаен исчекор преку имплементација на висококвалитетен едукативен и партнерски развој, усогласен со современите енергетски трендови и зелените политики на Европската Унија, започнувајќи со активности во областа на природниот гас. Основната мисија на РКМ Скопје е да обезбеди сигурно, стабилно и долгорочно снабдување со енергенси, позиционирајќи се како доверлив партнер на индустриските капацитети на територијата на Западен Балкан.

Во 2023 година, РКМ се трансформира во еден од највлијателните дистрибутери и снабдувачи на термоелектрани на Балканскиот Полуостров. Компанијата е партнер и дистрибутер на девет термоелектрани, кои претставуваат клучни столбови на електроенергетскиот систем во Југоисточна Европа. Во согласност со својата стратешка ориентација, РКМ има воспоставено стабилни и долгорочни партнерски односи со нафтени компании од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Албанија.

Горивата на РКМ се користат во значајни индустриски капацитети кои претставуваат двигател на економскиот развој и директно придонесуваат кон создавање на бруто-домашниот производ.

Сите нафтени деривати се во целосна согласност со важечките законски прописи и стандардите за квалитет, во зависност од регулативите на земјите во кои компанијата оперира.

РКМ Скопје е доверлив локален партнер на реномирани добавувачи и рафинерии од Грција, Германија, Австрија и Хрватска, а воедно располага со ексклузивни партнерства за регионот со нафтени рафинерии и добавувачи од Бугарија, Словенија и Обединетите Арапски Емирати. Со складишен капацитет од 4.500 метрички тони за мазут М1, компанијата обезбедува високо ниво на сигурност, континуитет и флексибилност во снабдувањето на своите партнери.

НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ

РКМ Скопје како партнер и пријател на индустриските капацитети и термо електрани располага со различни видови на енергенси и нафтени деривати за потребите на нашите клиенти.

РКМ како нафтена компанија во делот на енергенсите со кои работи е највлијателниот фактор во регионот врз основа на логистичките партнери во регионот.

РКМ врши испорака на своите производи преку превозни средства авто цистерни и возови, а располага и со капацитети за продажба преку бродски танкери благодарение на своите бизнис партнери oд Блискиот Исток.

РКМ Скопје

Park Residence
ул. Столтенбергова бр.4, 5/2
1000 Скопје
+389 2 3225 450

info@rkm.com.mk