РКМ е компанија која е директен инпут на електроенергетскиот балкански производствен систем. Во своето корпоративно портфолио е активен снабдувач повеќе од 6 години во термоелектраните Тузла, Гацко, Какањ и Угљевик во Босна и Херцеговина. РКМ е активен добавувач на гориво во Косовската енергетска корпорација (Kosovo Energy Corporation) во Косово и на термоелектраната Пљевља во Црна Гора.
РКМ беше добавувач на македонскиот пазар за време на енергетската криза 2021-2024 во трите електрани: ТЕЦ Неготино, РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј.