РКМ располага со енергетска лиценца за трговија со природен гас.
РКМ располага со енергетска лиценца за снабдување со природен гас.
РКМ располага со лиценца за вршење енергетска дејност трговија со електрична енергија.

Бонитетна оцена AA+
Сертификатот ја потврдува позицијата на РКМ Скопје меѓу компаниите со највисока бонитетна оценка во Северна Македонија. Деловниот субјект ги исполнува сите критериуми за 2023 година, поставувајќи се во самиот врв на бонитетната извонредност.
Одговорност кон животната средина
РКМ Скопје, како општествено одговорна компанија, се придржува до сите законски прописи и ја промовира одржливата енергетска практика преку висококвалитетни горива кои придонесуваат за заштита на животната средина. Компанијата активно соработува со еколошки здруженија, поддржувајќи иницијативи за зачувување на природата.
Енергетски лиценци
• Лиценца за трговија со природен гас
• Лиценца за снабдување со природен гас
• Лиценца за трговија со електрична енергија
СТАНДАРДИ И СЕРТИФИКАТИ
ISO 9001:2015
Квалитетен менаџмент
Како лидер во продажбата на Мазут М1, РКМ Скопје развива својот менаџмент според глобалните стандарди за модернизација и корпоративно управување. Во сите генерални управувачки процеси е целосно имплементиран ISO 9001:2015, што го потврдува висококвалитетниот менаџмент од интернационално акредитирано тело.
ISO 14001:2015
Заштита на животната средина
РКМ е стандардирана според ISO 14001:2015 за трговија со мазут, петролеум кокс и битумен, обезбедувајќи ефикасни практики за заштита на животната средина во сите операции.
ISO 5001
Енергетска ефикасност
Компанијата располага со сертификат ISO 50001, кој е синоним за одговорност, модернизација и имплементација на иновативни енергетски решенија.
IASS: BRAND.R AA+ 2024–2026
Сертификатот ја потврдува довербата и престижот на РКМ Скопје на домашниот и регионалниот пазар, како компанија која постојано инвестира во квалитет, одржливост и корпоративна одговорност.
ЕТИКА И ПАРТНЕРСТВА
РКМ Скопје ги штити интересите на своите добавувачи, нафтени рафинерии и трговци, со посебен фокус на довербата и задоволството на своите клиенти. Соодветно на етичките принципи, компанијата ја гради својата репутација на транспарентност, квалитет и професионализам.
ЧЛЕНСТВА ВО ОРГАНИЗАЦИИ
• Активен член на Енергетската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија
• Активен член на МАТТО – Македонско-Турската стопанска комора