ЗА НАС
Друштвото за производство, трговија и услуги РКМ Скопје е формирано во дејност трговија на големо со енергенси и нафтени деривати. РКМ Скопје е една од најмладите нафтени компании во Македонија. Иако млада компанија, за само 3 години од своето формирање, во 2021 година веќе се вбројува меѓу компаниите – лидери во регионот за продажба и дистрибуција на Мазут М1 HC. Нашиот тим располага со одговорни и рационални кариеристи кои се професионалци во областа во која работат. РКМ располага со личности со високи квалитетна стручна спремност чиј основни одлики се интелект, култура, почит и ефикасна мобилност. Да се биде дел од РКМ е да се биде пријател и во функција на бизнис партнерите. РКМ Скопје има мисија да биде доверлив и долгогодишен снабдувач со енергија на сите индустриски капацитети на територијата на Балканот. РКМ има цврсто поставени реалции со нафтени компании од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија каде сме сериозен добавувач на термо електрани и производствени капацитети. РКМ соработува со добавувачи и рафинерии од Грција, Бугарија, Словачка и Германија. РКМ Скопје функционира во склад со добрите корпоративни навики и во текот на своето постоење, согласно можностите, дел од профитот го алоцира за донации кон оние на кои им е најпотребно.
Ратко Капушевски
Генерален директор
Ратко е роден 1986 година во Скопје, Република Македонија.
Во 2009 година, по дипломирањето на Правниот факултет магистрирал по локална самоуправа и локален економски развој.
По магистратурата, на 22 години стана најмладиот генерален директор во Република Македонија во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Во оваа институција главна цел му беше развојот на образованието во Република Македонија.
Во 2010 година Владата на Република Македонија го именува за генерален директор на „Спортскиот центар Борис Трајковски“, кој е најголем спортски центар во државата.
Во центарот на државата се издвојува по реализацијата на капиталните инфраструктурни проекти кои се градат за прв пат во земјава.
Во 2014 година заминува во приватниот сектор како проект менаџер и генерален директор на холдинг одборот.
Во 2019 година започна да води сопствена компанија под името РКМ.