БЕГ резервира мазут од Ратко Капушевски за цела грејна сезона во случај да снема гас за греење на скопјани

110

БЕГ одбрал снабдувач со мазут за целата грејна сезона во случај да снема или да не успее да набави гас. Теоретски, ако се оствари најцрното сценарио и БЕГ мора да ги грее скопјани на мазут, тие ќе побараат достава од тендерскиот победник. За разлика од гасот, мазутот е голем аерозагадувач. Победник на оваа потенцијално мрсна зделка е фирмата РКМ на поранешниот државен службеник од ВМРО ДПМНЕ и поранешен соработник на Сергеj Самсоненко, Ратко Капушевски, пренесе УРЛ.

SKOPJE, MACEDONIA – DECEMBER 14 : A man reads a newspaper near a stall as heavy fog and smog cover the city in Skopje, Macedonia on December 14, 2017. Skopje is one of the most polluted cities in the world according to media reports. (Photo by Nake Batev/Anadolu Agency/Getty Images)

Во случај да нема од каде да набави гас, скопската топлификација има можност да работи и на алтернативен енергенс. До пред околу една деценија топлификацијата (БЕГ) работеше само на мазут, но поради промената на еколошките стандарди и штетните аеровлијанија, капацитетот ја промени технологијата и се гасифицираше. За разлика од мазутот, гасот не загадува и е поевтин. Новите регулативи им дозволуваат на ваквите капацитети да го употребат алтернативниот енергенс во случај на дефект или прекин на достава на гас. Тоа се случува ретко, па топлификациите обично резервираат мали количества мазут во случај да останат до две недели без дотур на гас.

Но, овојпат БЕГ побарала рамковна спогодба или во превод барала тендерски понуди во висина од 22 милиони евра за набавка на мазут во случај на потреба. Но, БЕГ проектирала потреби за цела грејна сезона, што е во најмала рака чудно. Во теоријата БЕГ може да не нарача ниту литар од овој мазут ако не и треба, но тие веќе одбрале фирма која им гарантира испорака на мазут за целата грејна сезона.